Трибина за иднината на економските односи со Руската Федерација – ММС
ММС

Објавено на: 03/25/19 7:43 AM

Трибина за иднината на економските односи со Руската Федерација

Македонско-руската стопанска комора денеска организира деловна средба на тема „Иднината на економските односи со Руската Федерација”.

Средбата се организира по повод 14-годишнината од постоењето на Македонско-руската стопанска комора.

Организаторот најавува обраќање на амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Александрович Баздникин и на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

МИА