(ВИДЕО) Протест против отворањето на рудникот Иловица – Штука – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/19 5:36 PM

(ВИДЕО) Протест против отворањето на рудникот Иловица – Штука

Млади, активисти на еколошките здруженија и жители од селата, со порака „Стоп за рудникот на смртта“, протестот го започнаа од пред општинската зграда на Босилово каде што со протестен говор ќе ги испратат своите барања.

Ова е еден од низата протести во последниве две години на кои се бара да се спречи отворање на рудникот за бакар, и жителите порачуваат концесионерот „Еуромакс рисорсес“ да си замине.

-Рудник во Иловица нема да има. Ви се обраќаме Вам да најдете решение, му порачаа на премеирот Зоран Заев.
Насобраните граѓани рекоа дека рудникот е еколошко зло и дека се плашат за сопственото здравје. Протестот беше организиран од младите, а го поддржаа и еколошките здружениеја.
Претходно, од компанијата порачаа дека лажните вести и говорот на омраза не се граѓански активизам. Од „Еуромакс Рисорсес“ велат дека постојано одговараат на сите потенцирани прашања и дилеми поврзани со проектот, но и покрај тоа не престанувале нападите.

Потсетуваат дека станува збор за економска инвестиција која ќе донесе добробит за целата држава, а особено за сите жители на општините Босилово и Ново село, вработувајќи 500 лица и ангажирајќи 2.700 други жители преку компаниите со кои ќе соработуваат.