Пешачките патеки во градскиот парк во Скопје денеска беа претворени во атлетичарски патеки по кои децата со Даунов синдром и нивните другарчиња трчаа со цел да ги срушат бариерите и докажат дека сите спортисти имаат една заедничка цел, а тоа е да имаат еднаков пристап до спортот. Од мечувалечкиот клуб „Ескрим“ кои четврта година по ред се јавуваат како организатори на трката велат дека годинава е постигнат рекорден број заинтересирани натпреварувачи, но и посетители дојдени да дадат поддршка на настанот.
Билјана Кузмановска која е дел од организацијата вели дека со ова се потврдува фактот дека спортот е од огромно значење за здравјето и социјализацијата на овие деца.


