Порака за Светскиот ден на театарот – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/19 12:38 PM

Порака за Светскиот ден на театарот

Оваа година по повод 27-ми март, Светсскиот ден на тетатарот, светската порака ја упатува Карлос Селдран, театарски режисер од Куба. Македонската порака ја упатува Југослав Петровски,драмски писател, режисер, театролог, колумнист.

Петровски во својата порака вели:

К   А   Т   А   Р    З   А

 (УМИРАЊЕ НА ТЕАТАРОТ  или РЕИНКАРНАЦИЈА.)

Вчерва бев во театар…

Не е битно во која театарска зградата бев; не е битен ни градот, не е битна ни земјата, та дури ни тоа – на која страна од светот се случи таа моја посета на театар. Од се`, само беше битно, дека – единствена мисла, единствено чувство, единствен впечаток кој ме обземаше, од мигот кога започна преставата –па се до овој миг – беше и се уште е’ – сеќавање на онаа “старо пророчко кобење”, онаа “фрлена клетва” врз театарот – од страна на господинот Роберт Шекнер. Онаа негова “зла мисла”, каде тој коби, тој предвидува, дека театарот во 21-от век ќе исчезне! Или ако има ‘среќа”, ќе се претвори во нешто налик на страшно здодевен “гудачки квартет” – што би преставувала мошне мачна, тешка, долга агонија на умирање. Навистина “зло кобење”, навистина гаден крај за театарот; навистина сурoва и ужасна смрт!

Лош почеток! Лош, лош, почеток. Многу лош почеток … … …многу, многу, многу лоша експозиција, за едно обично, поздравно, пригодно, писмо – по повод на –“27. Март – Светски ден на театарот” – би требало да се засрамам од самиот себе.

Сме дошле во театарот – празни  – и ќе си заминеме од театарот, дома – празни!

Почитувани мои колеги, вљубеници, но и мразачи  – на театарот, и ако е „загарантирано и потврдено”- никогаш, ама никогаш(!) – од театарот не може, не смее, да се замине празен – Не може!Не смее! Не треба да биде така!!! Не може, и тоа од една едноставна причина… Бидејки,ТЕАТАРОТ, пред 25-века – бил создаден од ХРАМ, и тоа ХРАМ посветен на богот ДИОНИС – следствено на тоа, ако ТЕАТАРОТ е ХРАМ, тогаш во секој ХРАМ т.е. во секој ТЕАТАР се случувал ( и мора се уште  да се случува ) РИТУАЛ… А штом веќе влегуваш во ХРАМ ( ТЕАТАР ) и присуствуваш на РИТУАЛ( ритуал – што денес, популарно, се нарекува “театарска престава”) – едноставно, не е можно, да си заминеш од ТЕАТАРОТ т.е. од ХРАМОТ – празен! Од ХРАМОТ секогаш си заминуваш со сознанието што ќе ти го даде БОГОТ на тој ХРАМ – во наш случај – тоа е ДИОНИЗ.  Па така, и актерите ( некогашни свештеници ) и публиката ( народот, дојден, дента да присуствува на “обредот” ) – секогаш преку РИТУАЛОТ ( ТЕАТАРСКАТА ПРЕСТАВА ) на кој присуствувале, си заминувале од ХРАМОТ ( ТЕАТАРОТ ) – добивајки на подарок – магија, а преку добиената магија- доживувал КАТАРЗА, си ја земал КАТАРЗАТА, и од тогаш – секој со својата КАТАРЗА– Заминувал засекогаш изменет!

Тогаш, пријатели мои – Кај е заебот! Би требало се да е во ред, а не е!

Ќе се обидам малку да го надопишам, дообјаснам, и поедноставнам, споменатиот – Шекнер Ричард – И ќе кажам:“ТЕАТАРОТ СЕ УШТЕ НЕ Е МРТОВ! НО ЗА ЖАЛ, ПОЛЕКА, ОД ДЕН НА ДЕН, ОД МИНУТКА ВО МИНУТКА – ТОЈ, ТЕАТАРОТ, УМИРА!

А УМИРА БИДЕЈЌИ НЕДОСТИГА “ПЕТИОТ ЕЛЕМЕНТ” т.е. НЕДОСТИГА КАТАРЗАТА!

По разлистување на стотици книги, кои веќе сто пати ги имам разлистано – Дојдов до два мошне битни заклучоци!

1.Дека ако од ТЕАТАРОТ  исчезне КАТАРЗАТАТЕАТАРОТ ќе УМРЕ!

-и –

2.Театарот, во секоја своја форма, жанр, сегмент, елемент… што и да е – Мора да остане жив! А за да биде и остане жив – зависи исклучиво од КАТАРЗА, од онаа – магичното, таинственото, волшебното – што го содржи секоја – вистинска антологиска драмска т.е. театараска приказна!

И ете – стасавме до одговорот!

ПРОСТО, ЛОГИЧНО И ЕДНОСТАВНО – од тој РИТУАЛ, од таа ТЕАТАРСКА ПРЕСТАВА- на која, исто како мене, сте биле вчера, не е можно, длабоку во себе да не ја земете и не ја сочувате, подарената –КАТАРЗА!Волшебна врвка – која секој ја има во себе и токму таа, магична нитка, го врзува со БОГОТ – со ДИОНИЗ, со богот на театарот…

Како стар “театарски волк”, пред да заминам, ќе ви откријам уште една голема тајна:

” НАЈДОБРА ТЕАТАРСКА ПРЕСТАВА Е ОНАА ПРЕСТАВА, ШТО ПО КРАЈОТ, СЕКОЈ ОД ГЛЕДАЧИТЕ, ДОМА, СО СЕБЕ, ЌЕ СИ ПОНЕСЕ СОСЕМА ПОИНАКОВ „ПЕТТИ ЕЛЕМЕНТ”. ШТО БИ ЗНАЧЕЛО ДЕКА, НАЈДОБРА ПРЕСТАВА Е ОНАА, КОГА, СЕКОЈ ДОМА КЕ СИ ЗАМИНЕ СО ПОТПОЛНО РАЗЛИЧНА, САМО СВОЈА,КАТАРЗА, САМО СВОЈ„ПЕТТИ ЕЛЕМЕНТ“!”

Југослав Петровски

Во продолжение пораката на Карлос Селдран:

Пред да станам свесен за театарот, моите учители веќе беа таму. Тие ги беа изградиле своите куќи и својот поетски пристап кон остатоците од нивните животи. Многу од нив се непознати или едвај да се присети човек на нив. Тие делуваа од тишина, во смиреноста на нивните соби за проби и во нивните театри преполни со гледачи и полека, после години работа и извонредно достигнување, тие постепено се слизнаа од тие места и исчезнаа. Кога разбрав дека мојата лична судбина ќе биде да ги следам нивните стапки, јас исто така сфатив дека сум го наследил тој зафат, оригиналната традиција на живеење во сегашноста без никакво друго очекување поинакво од достигнувањето на транспарентноста на неповторливиот момент, момент на средба со друг таков во мракот на театарот, без понатамошна заштита освен вистината на гестата, на ослободениот збор.

Мојата театарска татковина лежи на тие моменти на средба на гледачите што доаѓаат во нашиот театар ноќ по ноќ, од најразличните придружници од мојот град кои доаѓаат да ни прават друштво и да споделат со нас неколку часови, неколку минути. Мојот живот е изграден од такви, единствени моменти кога јас прекинувам да бидам јас, да страдам за себе, и јас сум прероден и го сфаќам значењето на театарската професија: да се живеат миговите на чистата ефемерна вистина каде што ние знаеме дека она што го кажуваме и го правиме таму, под светлините на сцената е вистина и го одразува најдлабокиот, најличниот дел од нас самите. Мојата театарска земја, мојата и онаа на моите актери е земја исткаена од такви моменти каде ние живееме зад маските, зад реториката, зад стравот да бидеме она што сме и ние тогаш во мракот се фаќаме за раце.

Театарската традиција е хоризонтална. Никој не може да потврди дека театарот живее во било кој центар од светот, во било кој град или привилегирана зграда. Театарот, каков што го добив јас, се шири низ една невидлива географија, што ги меша животите на оние кои го изведуваат и театарскиот занает во една единствена и унифицирана геста. Сите мајстори на театарот умираат со своите мигови на неповторливата луцидност и убавина; сите тие избледнуваат на истиот начин, без било која друга трансцендентност за да ги заштити и да ги направи славни. Театарските учители го знаат тоа, ниедно признание не е вредно кога е соочено со таа точност која е корен на нашата работа: креирање на мигови на вистина, на двосмисленост, на сила, на слобода на средината од таа огромна опасност. Ништо не преживува освен податоците и записите од нивната работа на видеа или на фотографии кои ќе дофатат само една бледа идеја од она што тие го направиле. Сепак, она што секогаш ќе недостасува од тие записи е тивката реакција на публиката која во еден момент сфаќа дека она што се случува не може да се преведе или да го има некаде надвор, дека вистината споделена таму е едно животно искуство, дури и поделикатна и од самиот живот.

Кога сфатив дека театарот е држава сама за себе, голема територија која го покрива целиот свет, во мене се роди една решителност која исто така беше и едно остварување на слободата: ти не мораш да одиш некаде далеку, ниту пак да се поместиш оттаму каде што си, не мораш ниту да трчаш, ниту пак да се придвижиш. Публиката е онаму каде што живееш ти. Ги имаш на своја страна колегите кои што ти се потребни. Таму, надвор од куќата, ја имаш целата таа матна, непробојна дневна реалност. Потоа, ти работиш од таа очигледна неподвижност за да го формираш најголемото патување воопшто, да ја повториш Одисејата, патувањето на Аргонаутите; ти си неподвижен патник кој не прекинува да ја забрзува густината и ригидноста на својот реален свет. Твоето патување е пат кон мигот, кон моментот, кон неповторливата средба пред твоите врсници. Твоето патување е кон нив, кон нивното срце, кон нивната субјективност. Ти патуваш во нив самите, во нивните емоции, во нивните сеќавања кои те будат и те мобилизираат. Твоето патување е вртоглаво и никој не може да го измери или да го замолкне. Ниту пак некој може да го препознае во вистинската големина, тоа е патување низ фантазијата на твоите луѓе, семе кое е посеано во најдалечните земји: граѓанската, етичката и човечката свест на твоите гледачи. Токму заради тоа, јас не се мрдам, останувам дома, меѓу своите најблиски, во очигледна тишина, работејќи дење и ноќе, бидејќи јас ја имам тајната на брзината.

Карлос Селдран