Опустошена трската по новиот пожар на Охридското Езеро (видео+фото) – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/19 12:02 PM

Опустошена трската по новиот пожар на Охридското Езеро (видео+фото)

Покрај брегот на Охридското Езеро, помеѓу Струга и село Калишта, вчера по 15 часот настанал пожар, при што опожарена била трската. Пожарот е локализиран, но просторот е сосема уништен.
„Црнила во душите, црнила вон душите. Без душевна екологија, надворешната екологија е невозможност. Опожарувањето на трските не запира, ова е во Подмолје, веднаш зад постојката. Небаре атомска бомба паднала, хорор глетка. А поголем хорор од инертноста на институциите нема. Зошто? Затоа што и тие се исповрзани со оние што палат, и затоа никој досега не одговарал – ниту заради затајување во службата, ниту заради сторување на ова грозоморие. Битно по емисии ќе глумат загриженост, а на терен нештата продолжуваат со несмалено темпо. Зошто? Затоа што црнила во душите, црнила вон душите“, напиша Климент Арнаудов. Подолу се неговите фотографии.