Сончев и топол ден е оваа недела, со слаб до умерен ветер од северен правец . Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

Утре ќе се задржи сончево и топло време. Под влијание на значително постудена воздушна маса од вторник до четврток ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, на места и за 10 степени во однос на утрешната. Од петок ќе настапи стабилизација, но со пониски утрински температури, кои на места ќе се спуштат и под нулата.


