Уште едно дело на несовесни граѓани:Нов пожар во атарот на селото Чешиново – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/19 11:05 AM

Уште едно дело на несовесни граѓани:Нов пожар во атарот на селото Чешиново

Ниту апелите, ниту казните, ниту огромните материјални штети што се предизвикуваат, не успеваат да влијаат врз совеста на граѓаните ,кои што постојано и секојдневни  палат стрништата.

Утрово нашите колеги забележале запалени стрништа во атарот на селото Чешиново.

Уште постаршно е што запалениот оган е во близина на бензинска помпа.

Овие несовесни граѓани не само што не размислуваат за последиците, не размислуваат ниту за себе,зато што бројни примери покажуваат дека честопати првите жртви на овие пожари се токму потпалувачите на стрништата.