Економија за сите:Народна банка започна со објавување на серијалот кратки едукативни текстови – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/19 10:42 AM

Економија за сите:Народна банка започна со објавување на серијалот кратки едукативни текстови

Народната банка започнува со објавување на серијалот кратки едукативни текстови-Економија за секого.Oвој серијал е наменет за сите сегменти од популацијата, вклучително и за возрасните.

  ,,Преку овие текстови, на едноставен јазик, ќе се обидеме да објасниме одредени поими или појави од областа на макроекономијата, финансиите и банкарството. Се надеваме дека преку серијалот ќе го доближиме нашето работење до јавноста и ќе придонесеме за подобро разбирање на повеќе економски прашања коишто имаат одраз во секојдневното живеење, а се директно или индиректно поврзани со централнобанкарското работење,“информираат од Народна банка.

  Со овој серијал, Народната банка се вбројува во редот на централнобанкарските институции со слични вакви активности, како дел од нивните напори за поголема едукација населението.

Првиот текст веќе е објавен на страната на Народна банка.