Ѓоковиќ со победа тргна по рекорд во Мајами – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/19 9:11 AM

Ѓоковиќ со победа тргна по рекорд во Мајами

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ со победа над Австралијанецот Бернард Томиќ стартуваше на Мастерс турнирот во Мајами.

Српскиот тенисер имаше проблем само во првиот сет, веќе во следниот влезе во вистински ритам (7-6, 6-2), го урна противникот за 76. минути игра. Во третото коло за противник ќе го има Федерик Делбонис.

„Немам очекувања, само сакам да работам на себе, да дојдам во најдобрата форма. Се обидувам да го достигнав нивото од Австралијан Опен, доколку играм исто, имам големи шанси да направам добар резултат во Мајами“, рече по мечот Новак.

Ѓоковиќ има шест титули на Местерсот во Мајами, исто колку и неговиот некогашен тренер, АндреАгаси, доколку дојде до седмиот пехар ќе испише нов рекорд.

Французинот Гаел Монфилс поради повреда на Ахиловата тетива се откажа од настап на турнирот.