Фестивали кои барем еднаш во животот мора да ги посетите – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/19 5:39 PM

Фестивали кои барем еднаш во животот мора да ги посетите

Во разни делови од светот од година во година се одржуваат фестивали на храна и пијалоци кои привлекуваат голем број на посетители. Кои се најинтересни и најпривлечни од нив, погледнете овде.

Фестивал на кафето
Од 12 до 14 февруари во Марикао, Порто Рико. Фестивалот на кафето го слави крајот на жетвата секоја година со музика, поворка, уметности и секако изобилство на разни видови кафе. Ако мирисот на утринското кафе ве изполнува, ова е совршеното место за вас. Замислете како мирисаат улиците овие 4 дена!


Фестивал на лимоните
Од 12 до 3 март во Ментон, Франција. Огромна конструкција од Ц витамин може да се види на улиците на Ментон. Овој фестивал го посетуваат околу 200.000 луѓе од целиот свет.


Фестивал на чајот
Илјадници љубители на чајот секоја година го посетуваат China Tea Expo во Шангај. Се забавуваат, дегустираат чаеви и разни слатки и колачиња.


Фестивал на сирењето
Во Кардиф, Велс. Се одржува во септември и може да се испробаат околу 450 видови сирење, со разни вкусеви и облици. Вистински рај за љубителите на сирењето.


Фестивал на тиквите
Се одржува во Охајо, САД во септември. Освен колемата количина на тикви и забава, се нудат и најразлични подготвени јадења со тиква и се бира кралица на тиквите.