Медот прв пријател на вашето здравје – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/19 5:25 PM

Медот прв пријател на вашето здравје

Една од многуте благодети на медот е тоа што го зајакнува имунитетот. Неговите состојки помагаат при варењето на храната и во борбата против различни болести. Затоа секој ден започнете го со со напивката која ќе ви го разбуди телото.

Веќе илјадници години наназад медот е познат како природен лек за многу болести. Се користел при прва помош за изгореници и исеченици, бидејќи може да ја апсорбира влагата од воздухот и да го забрза процесот на регенерација на кожата.

Неговите антибактериски својства ги спречуваат инфекциите и делуват против воспаление, ги намалуваат отоците, болките и помагаат во исчезнување на лузните.

Ако не можете да заспиете испробајте ја познатата напивка од мед и млеко. Во чашата со топло млеко промешајте една лажица мед и испијте го.

Една од познатите својства на медот е да го лечи воспаленото грло.

Професионалните пејачи често го користат медот така што го одржуваат грлото здраво и го подготвуваат за настап.

Три пати во денот по една лажица ќе бидат доволни за да го смират вашето воспалено грло.

И секако чајче со мед е неизбежно и посебно вкусно!