Над 50 загинати во судир на два автобуси во Гана – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/19 4:23 PM

Над 50 загинати во судир на два автобуси во Гана

Фото: ANAS SABIT-KASKIYA

Над 50 лица загинале, а уште околу 50 други се повредени денеска при судир на два автобуси во западноафриканската држава Гана.

Како што јави Би-Би-Си, судирот на двата автобуси се случил во местото Китампу, северно од главниот град на Гана, Акра, при што едното од возилата се запалило. Поголемиот дел од загинатите ги загубиле животите на самото место на несреќата, а останатите подоцна им подлегнале на повредите в болница.

Голем број патници останела заглавени во автобусите по несреќата, поради што биле ангажирани спасувачки тимови за нивно извлекување.

Локалната полиција соопшти дека во двата автобуси имало по околу 50 патници. Причините за несреќата засега не се познати.