Протест на Здружението на глуви и наглуви пред Централниот регистар – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/19 2:40 PM

Протест на Здружението на глуви и наглуви пред Централниот регистар

Фото: Курир

Здружението на глуви и наглуви денеска организираше протест пред Централниот регистар, поради незадоволство од тамошната постапка  за упис на претседател на Здружението.

– На 8 јануари 2019 избран е претседател, доставена е цела документација што е потребна до Централен регистар и записници од самото изборно собрание, листа на делегати и други покани до делегатите. Тоа е одобрено од Централен регистар со упис направен на 9 јануари и сега во меѓувреме има некоја достава, барање за упис на друг претседател на некое вонредно собрание што не е постоечко, бидејќи се направени фалсификати внатре. Листата што тие ја доставуваат до Централен регистар и тоа што го бараат, промена на претседателот, од 8 јануари до 15 јануари, бидејќи они тогаш поднеле барање, ја поднесуваат Димитар Башевски и Билјана Среткоска – велат од Здружението.

Според нив, тие луѓе не постојат во сојузот и прашуваат зошто поднесуваат листа на други делегати, нелегитимни, спротивна од листата уважена од страна на Централниот регистар.

– Доколку добие Ибраим Тахировски, а ноември месец се повтори, сојузот ќе пропадне. Затоа што со сметката во ноември на сојузот е Направена штета од над милион и двесте илјади денари, не дозволуваат глувите да се повтори истата штета на сметката – додаваат од ЗГН.

Претставници на Здружението остварија и средба во Централниот регистар.