БиХ: Во Травник направена најголемата порција ќебапи – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/19 11:33 AM

БиХ: Во Травник направена најголемата порција ќебапи

По повод одбележувањето на Денот на Општината, во Травник вчера беше направена најголемата порција ќебапи во Босна и Херцеговина, пишуваат босански медиуми.

Порцијата од 2.160 ќебапи, ставени во голем сомун широк 1,5 метар, била направена за 30 минути, а беше изедена за 15 минути од повеќе од 300 граѓани.

– БиХ е позната во светот по повеќе работи, како и по ќебапот, кој, за жал, го немаме официјално заштитено. За разлика од нас, Хрватска и Словенија посебно ги брендираа босанските ќебапи и си ги ставија во гастрономската понуда – изјавила Алдијана Диздар, маркетинг-менаџер на ќебапчилницата што ја подготви најголемата порција босански ќебапи.