Познат редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/19 11:33 AM

Познат редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче

 

На гласачкото ливче за претстојните претседателски избори, под реден број 1 ќе биде запишано името на кандидатот поддржан од Алијанса за Албанците и Беса, Блерим Река.  Ова следува по денешното влечење во Државната изборна комисија на ждрепката за редоследот на кандидатите на гласачкото ливче. Под реден број 2 ќе биде запишано името на професорката Гордана Силјановска Давкова која ја кандидираше ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, додека пак консезуалниот кандидат на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски на гласачкото ливче ќе биде запишан под реден број 3.

-Сите кандидати своерачно потпишаа изјава за прифаќање на кандидатура за претседател на Република Северна Македонја. Изјавата согласно закон, е неотповиклива – соопштија претпладнево од ДИК.

Апелираме до кандидатите и партиите од кои се поддржани, строго да се придружуваат и да бидат одговорни, сериознод а се однесуваат кон сите правила од  Изборниот законик. Замолуваме за коректна, чиста, позитивна европска кампања. Тоа е во интерес на сите – порачаа од Државната изборна комисија.