Косово: Дури 200.000 парчиња нелегално оружје, а само 500 барања за легализација – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/19 10:45 AM

Косово: Дури 200.000 парчиња нелегално оружје, а само 500 барања за легализација

Се проценува дека на територијата на Косово има околу 200.000 паричиња нелегално оружје, а од декември досега до надлежните служби пристигнале само 500 барања за легализација. До крајот на утврдениот рок од косовските власти за легализација на нелегалното оружје има уште три месеци.

Заменик-министерот за внатрешни работи, Изми Зека, изјави за приштински „Експрес“ дека големото количество нелегално оружје на Косово е последица на недовербата во институциите и на напнатите односи помеѓу Косово и Србија. Додал и дека постоењето на окоу 200.000 парчиња нелегално оружје во сопственост на граѓаните претставува опасност пред се’ за нивната безбедност.

Инаку, граѓаните кои поседуваат нелегално оружје може да бидат казнети со 7.500 евра или со казна затвор до пет години.