Со „Животот е прекрасен“ МНТ ќе го одбележи Светскиот ден на театарот – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/19 10:36 AM

Со „Животот е прекрасен“ МНТ ќе го одбележи Светскиот ден на театарот

Со изведба на претставата „Животот е прекрасен“ од Николај Ердман во режија на Александар Морфов, Македонскиот народен театар ќе го даде својот придонес кон одбележувањето на 27 март, Светски ден на театарот

„Не е претстава за самоубиството, не е пиеса за смртта, туку за еден човек кој повторно го открива животот, открива колку животот е прекрасен“, вели режисерот.

Традиционално, пред почетокот на претставата ќе бидат прочитани меѓународната и македонската порака посветени на актуелниот театарски миг, а кои ги сподели Македонскиот центар на ИТИ. Автор на меѓународната порака за Светскиот ден на театарот – 27 март е Карлос Селдран – режисер, драмски писател, театарски едукатор и професор од Куба, додека автор на македонската порака за 2019 година е Југослав Петровски – драмски писател.