Една 40-годишна мајка од Трстеник, Србија штотуку роденото бебе го оставила во корпа во такси возилото со кое патувала до Врњачка Бања, а на возачот му оставила пари за млеко.
Таксистот Милош Митровиќ за српските медиуми ја раскажа оваа неверојатна приказна која се најде на сите насловни страници на порталите и другите медиуми во Србија.
Мајката влегла во такси возилото со корпа во рацете и уште со две деца близначиња. Кога стигнале во Врњачка Бања, мајката ги изнела децата од такси возилото, а на таксистот му оставила 40 франци за пелени и млеко за бебето и го замолила малку да ја причува, а таа рекла дека ќе се врати за половина час. З
бунетиот таксист прифатил, но откако мајката не се вратила ниту за два часа, тој повикал полиција. Новороденчето сега е згрижено во болницата во Краљево има 2 килограми и 800 грама и добро се чувствува. Мајката е лоцирана со помош на безбедносни камери и се трага по неа.