Откриен повина тон кокаин вреден 38 милиони долари – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/19 9:29 AM

Откриен повина тон кокаин вреден 38 милиони долари

DEA – Американските царински официјални лица соопштија дека полицијата пронашла 538 килограми кокаин во 13 патни торби во пристаништето во Филаделфија.

Директорот на царината, Џозеф Мартел, вели дека дрогата вредна околу 38 милиони долари на денешниот пазар.

Според неговите зборови, брод на кој дрогата е пронајдена тргнал од Гватемала, потоа Бахамите, а крајна дестинација му била Холандија.