Добар старт во квалификациите за ЕП во фудбал: Македонија – Летонија 3:1 – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/19 7:39 AM

Добар старт во квалификациите за ЕП во фудбал: Македонија – Летонија 3:1

Македонската фудбалска репрезентација синоќа во Скопје ја победи Летонија со 3-1 (2-0) во рамките на првото коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Првиот гол за нашата репрезентација го постигна Алиоски во 11. минута, а вториот, во 29., и третиот, во 87. минута, беа дело на Елмас. Единствениот гол гостите го дадоа при резултат од 2-0. На мечот играше и Горан Пандев, кому ова му беше јубилеен стоти натпревар за нашата репрезентација.

На другите две средби од нашата квалификациска група, Израел и Словенија на која в недела и’ готуваме во рамките на второто коло, одиграа 1-1, а Полска победи на гостувањето во Австрија со 1-0.