Од 54 контролирани автобуси, неисправни сопирачки утврдени се кај девет возила.
Според информациите од Полицијата акцијата за проверка на техничката исправност на возила со кои се врши јавен превоз на патници акцицијата , СВР Штип ја спровела во текот на вчерашниот ден во период од 08.00 до 13.00 часот .
Од извршената акција контролирани се 57 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, од нив 54 се упатени во Станица за технички преглед.
Кај девет возила е утврдена неисправност на уред за запирање, кај едно неисправен уред за управување, додека две возила не извршиле вонреден технички преглед. Преземени се вкупно 22 мерки за утврдените прекршоци и издадени се 12 прекршочни платни налози. Санкционирани се и 19 останати прекршоци.


