Се возат технички неисправни автобуси и покрај засилените полициски контроли – ММС
ММС

Објавено на: 03/21/19 8:33 PM

Се возат технички неисправни автобуси и покрај засилените полициски контроли

Од 54 контролирани автобуси, неисправни сопирачки утврдени се кај девет возила.

Според информациите  од Полицијата акцијата за проверка на техничката исправност на возила со кои се врши јавен превоз на патници акцицијата , СВР Штип ја спровела во текот на вчерашниот ден  во период од 08.00 до 13.00 часот .

Од извршената  акција  контролирани се 57 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, од нив 54 се упатени во Станица за технички преглед.

Кај девет возила е утврдена неисправност на уред за запирање, кај едно неисправен уред за управување, додека две возила не извршиле вонреден технички преглед. Преземени се вкупно 22 мерки за утврдените  прекршоци и издадени се 12 прекршочни платни налози. Санкционирани се и 19 останати прекршоци.