Андов:Судот ќе одлучи дали книгата е клевета или презентирани факти – ММС
ММС

Објавено на: 03/21/19 6:15 PM

Андов:Судот ќе одлучи дали книгата е клевета или презентирани факти

Основниот суд Скопје-2 донесе решение за привремена мерка, забрана на продажба и располагање на книгата на Стојан Андов „До атентатот и по него“ По тужбата на Љубомир Фрчкоски за повреда на неговите лични права, односно за клевета во врска со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров, поместени во книгата на Стојан Андов,,До атентатот и по него“,основниот суд Скопје-2 донесе решение за привремена мерак , забрана на продажба и располагање на книгата.

Во изјава за Канал 77,авторот Андов вели дека е изнанаден но и разочаран од ваквата одлука на судот.

,,Мислам дека самата појава во едно општество да се забранува книги и тоа вакви книга кои се со определена тематика и се разјаснуваат некои битни настани од судбината на луѓето,  немало никаде и не верувам дека некогаш ќе има.Ова е некој исклучок, преседан кој загрижува и може да нанесе штета а не корист“,вели Андов.

Тој верува дека на судското рочиште по тужбата со Фрчковски на 27 мај ќе се расчистуваат спорните моменти

,,Ќе се расчисти што тој прочитал, како прочитал,каде препознал клевета или што не е клевета.Ќе му објасниме“,додава Андов.

Тој вели дека не му е јасна квалификацијата на судот за забрана на продажба и располагање на книгата.

,,Дали тоа значи дека сега привремено ќе им ги земат книгите од дома на тие што ги имаат,за да не располагаат со нив, за да потоа ако изгуби Фрчковски на судот,ќе им ги враќаат ли тие на кои што ќе им ги земат?“вели Андов.

Од Основниот суд Скопје 2 ја потврдуваат одлуката со напомена дека се работи за времена мерка до правосилно завршување на постапката.Андов вели дека има право на жалба на ваквата одлука на судот.