Со преработувачки капацитети за подобар пласман – ММС
ММС

Објавено на: 03/21/19 5:12 PM

Со преработувачки капацитети за подобар пласман

Само со отворање на нови и стимулирање на постојните преработувачки капаците за овошје, зеленчук, млеко и млечни производи, земјоделците и сточарите можат да ги решат проблемите со необезбедениот пласман на тоа што го произведуваат. Ова денеска го истакнаа вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Како позитивен пример на преработувачки капацитет, Анѓушев посочи една млекара во тетовско која денеска ја посети. Таа успеала да ги искористи средтвата од ИПАРД 2 програмата, зголемувајќи го производството , но и можноста да откупува поголемо количество на млеко од фармерите.

Министерот за земјоделие Љупчо Николовски, посочи и други мерки за стимулирање на постојните преработувачки капацитети.

Најголем проблем на земјоделците во тетовско е немањето на организиран откуп, на тоа што го произведуваат. Во тетовско нема ниту еден откупен цетнар, но во последно време иако во мал број има отворено неколку капациети за преработка на земјоделските прозводи но и млекото. Но, сепак тоа е малку во споредба со она што го произведуваат земојделците и фармерите, кое не крај нема каде да го пласираат и дел мора да го фрлат на деппнија или да им скапе во подрумите и магацините.  

Зоран Димовски