„Единицата“ во Германија ги скара Нојер и Тер Штеген – ММС
ММС

Објавено на: 03/21/19 4:30 PM

„Единицата“ во Германија ги скара Нојер и Тер Штеген

Мануел Нојер и Марк Андре Тер Штеген не се во добри односи.

Двајцата голмани на германската репрезентација се борат за „единицата“, а засега предност има искусниот чувар на мрежата на Баерн Мануел Нојер.

Тер Штеген јасно цели на позицијата прв голман, а тоа на Нојер нималку не му се допаѓа. Доказ за тоа е и фактот што синоќа воопшто не се поздравија, па не се ни погледнаа при замената на полувремето.

Нојер само помина покрај сите, а само на тренерот на голманите Андреас Кепке кратко му мафна.

„Мануел Нојер се уште е број еден, но мора да се потруди да ја задржи таа позиција, како и сите други“, изјави неодамна Јоаким Лев.

Голем дел од германската јавност е на страната на Тер Штеген и сметаат дека тој би требало да биде прв голман. Меѓу нив е и легендарниот Лотар Матеус.

„По повредата Нојер не е во форма и ја нема таа сигурност како некогаш. Мислам дека Тер Штеген заслужи шанса да биде стартер без оглед на тоа што Нојер е тука“, истакна тој.

Каква одлука ќе донесе Лев во следниот период останува да се види, но јасно е видливо деак голманот на Баерн повеќе не е оној стариот.