Реал има план „Б“ ако пропадне трансферот на Еден Азар – ММС
ММС

Објавено на: 03/21/19 4:26 PM

Реал има план „Б“ ако пропадне трансферот на Еден Азар

Белгиецот Еден Азар е главна желба на Реал Мадрид за летниот преоден рок.

Шпанските медиуми неодамна објавија дека Белгиецот во телефонски разговор со Зинедин Зидан изразил желба да дојде во Реал, но се појавиле одредени проблеми и преговорите околу трансферот се привремено прекинати.

„Кралевите“ не сакаат ништо да препуштат на случајот. Веќе подготвиле план „Б“ во случај да пропадне трансферот на Еден Азар. Планот „Б“ според „Скај Спорт“ е Фелипе Андерсон.

Бразилскиот офанзивец игра фантастично во дресот на Вест Хем. Очигледно дека таквите игри не останале незабалежани, па 25-годишниот би можел да направи трансфер на кариерата.

Сепак, се ќе зависи од тоа што ќе се случи со Азар. Ако преговорите дефинитивно пропаднат, Бразилецот ќе се упати кон Мадрид, а Реал за неговите услуги ќе мора да одвои 75 милиони евра, двојно повеќе од сумата која „Чеканите“ му ја платија на Лацио минатото лето.

Фелипе Андерсон важеше за еден од најголемите таленти на бразилскиот фудбал. Од Сантос во 2013. година пристигна во Лацио, каде играше навистина добро и постигна 33 гола и 41 асистенција на 176 натпревари.

Меѓутоа, за разлика од својот голем пријател Нејмар не експлодираше. Имаше прилично лоша последна сезона во римскиот клуб, но сепак успеа да оствари трансфер во Англија.

Тоа се покажа како добар потег. Андерсон игра навистина фантастично и сигурно дека круна на неговата кариера би бил трансфер во Реал Мадрид.