Штипјанец измамил жител од село Ропотово. Му ветил дека ќе му обезбеди лекови од Бугарија, му зел 1000 евра и станал недостапен.
Според информација од Полицијата оштетениот, четириесет и деветгодишниот С.В од село Ропотово, општина Долнени случајот дека е измамен од штипјанецот З.И во штипската полиција го пријавил во текот на вчерашниот ден.
Според извештајот, во февруари 2019 година С.В. му дал на З.И. 62.000 денари за да му набави лекови од Бугарија.
З.И. ги зел парите и се обврзал дека за пет дена ќе ги набави лековите. Исто така, според пријавеното, до денот на пријавување, С.В. неколку пати се обидел да контактира со З.И., но не успеал да го најде, по што заклучил дека е измамен.
Се работи на расчистување на случајот.


