И по Назарбаев, во Казахстан се’ останува во кругот на семејството – ММС
ММС

Објавено на: 03/21/19 12:04 PM

И по Назарбаев, во Казахстан се’ останува во кругот на семејството

Казахстан вчера го промени името на својата престолнина Астана во Нурсултан, според поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев, кој во вторникот поднесе оставка по три децении поминати на чело на државата, објави државната агенција „Казинформ“.

Првите одлуки на новиот казахстански претседател Касим Токаев беа на должноста претседател на парламентот да ја именува ќерката на својот претходник Назарбаев, како и да го преименува главниот град во Нурсултан.

Назарбаев (78) оставката ја поднесе во вторникот вечерта, што беше прв чекор  во, како што се чини, договорената политичка транзиција која ќе му овозможи да задржи значително вијание во таа средноазиска земја со 18 милиони жители. Тој, и покрај оставката, и понатаму ќе има широки овластувања и права благодарение на законот донесен минатата година и неговиот статус на „татко на нацијата“.