Барање за повлекување на признавањето на Косово во словенечкиот парламент – ММС
ММС

Објавено на: 03/21/19 12:01 PM

Барање за повлекување на признавањето на Косово во словенечкиот парламент

Претседателот на Словенечката национална партија, Змаго Јелинчич. Во словенечкиот парламент поднел барање до министерот за надворешни работи, Миро Церар, Словенија да го повлече признавањето на Косово, дознава „Спутник“, а пренесуваат и други медиуми.

Така, по Италија, Словенија можеби би била втора земја што на високо ниво би ја разгледувата одлуката за признавање. Словенечката национална партија уште во 2008 година, кога во словенечкиот парламент се гласаше за признавање на Косово, била против тоа.