Ова е само едно од низата задолжувања кои се прават од почетокот на годината и моментално ако се вклучи и задолжувањата во вторник од 16, 2 милиони евра вкупниот долг од почетокот на годината за нецели 3 месеци изнесува 229,2 милиони евра.
Имено долгот постојано расте и според аналитичарите ваквата состојба е алармантна. Така капиталните трошоци за почетокот на годината според Извештајот на Министерството за финансии за извршување на буџет изнесуваат очајни 1,09 %.
Ваквата состојба каде што долгот расте додека реализацијата на капиталните инвестиции е ниска според економистите е опасна.
Познавачите велат дека и онака кревката македонска економија не може да си дозволи да се задолжува енормно додека нема никаков повратен ефект од тие средства.