Вчера попладне, триесет и деветгодишен возач удрил во шеесет и деветгодишна жена, на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје – соопшти денеска МВР. Со возило на Итна медицинска помош, жената била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, а по неколку часа им подлегнала на повредите.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а телото на починатата било дадено на обдукција.