Пред Меѓународнот кривичен суд за поранешна СФРЈ се обвинети 161 лице, од кои 109 се Срби – од Србија, Република Српска и од некогашната Република Српска Краина, пишуваат српски, а пренесуваат и други балкански медиуми. Осудени на речиси 1.200 години затвор се 72 Срби, додека 14 починале за време на траењето на процесите.
Од тогашните претседатели на Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, Слободан Милошевиќ, Фрањо Туѓмани и Алија Изетбеговиќ, осуден беше само Слободан Милошевиќ. Освен Радован Караџиќ вчера, на доживотен затвор се осудени уште петмина Срби – Милан Лукиќ, Станислав Галиќ, Вујадин Поповиќ и Љубиша Беара, како и Ратко Младиќ, но за него се чека второстепена пресуда.
Другите актери на воените судири, сите заедно, имаат трипати помала казна од Србите. Од 52 обвинети, осудени се 27 на 361 година затвор.
Пред Хашкиот трибунал од 33 обвинети Хрвати, осудени се 20 на 294 години затвор, а биле ослободени осуммина. Двајца починале за време на процесот. Од деветмина обвинети Бошњаци, осудени биле петмина на 42 години затвор, а еден починал за време на процесот. Од осуммина обвинети Албанци, пак, осуден е еден на 13 години затвор, другите биле ослободени од вина, а од двајца обвинети Македонци, еден е осуден на 12 години затвор.


