Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска и генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова се на студиска посета во Единбург, Шкотска.
Студиската посета, како што информира собраниската прес-служба, е организирана од Вестминстер фондацијата за демократија, во рамки на потпишаниот Меморандум за соработка за воспоставување буџетска парламентарна канцеларија во Собранието на Република Северна Македонија.
МИА