Голем дел од Кавадарци е без вода – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/19 4:18 PM

Голем дел од Кавадарци е без вода

Две третини од Кавадарци и околината е без вода за пиење поради голем дефект на главната водоводна линија. Информацијата ја потврдија од ЈП Комуналец и информираа дека настанатиот дефект е на цевка фи 450 на главната линија.

„Се работи за довод за ниска и средна зона, што значи дека вода ќе има само во висока зона. Без вода се централното градско подрачје, но и селата Росоман, Марена и Глишиќ и дел од Ваташа“ информира Пандорка Димитриева Крстева, референт за односи со јавноста во ЈП Комуналец.

Екипи од водовод веќе биле на терен и работат  на остранување на дефектот.

Ангел Данов