Штип :Полицаец нападнат од лицето што требало да го приведе – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/19 2:13 PM

Штип :Полицаец нападнат од лицето што требало да го приведе

При обид да да спроведе наредба за приведување  , полицаец бил нападнат од лицето што требало да биде приведено.Напаѓачот веднаш побегнал и Полицијата трага по него.

Според информациите од Полицијата,денеска во 8.30 часот во Полициската станица во Штип било пријавено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, кое се случило рано утрото во  05.40 час на ул„Радански пат“ во Штип, кога полициски службеник  при постапување по наредба (за приведување на лице),  бил физички нападнат од дваесетиедногодишниот  Б.Ј. од Штип кој побегнал од местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.