Хонг Конг ќе гради еден од најголемите вештачки острови во светот, со пресметана вредност на инвестицијата од 79 милијарди евра, објавиле вчера градските власти.
Тие сакаат околу островот Лантау да насипат земја на површина од 1.000 хектари со што би го решиле проблемот со големиот недостаток од станбен простор во градот познат по најскапото земјиште во светот. Насипувањето би требало да почне во 2025, а првите жители да се вселат во становите во 2032 година.
Островот треба да има трипати поголема површина од њујоршкиот Централ Парк и на него ќе бидат изградени 260.000 станови. Критичарите сметаат дека се работи за прескап проект што може да и’ наштети и на животната средина.


