На регионалниот пат Скопје-Велес прегазено 13 годишно девојче – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/19 11:43 AM

На регионалниот пат Скопје-Велес прегазено 13 годишно девојче

Според информациите од Полицијата сообраќајната незгода се случила во текот на вчерашниот ден во 13.20 часот  на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и сервисна улица која води кон населба Нова Колонија.

Патничко возило „Форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од педесетишестгодишниот  М.С. од Скопје, удрило во 13-годишно девојче од село Идризово, скопско, кое се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.