Јункер: Нема да има нови преговори со Британија – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/19 10:26 AM

Јункер: Нема да има нови преговори со Британија

„ЕУ направи многу за да се приспособи со Британија во врска со нејзиното излегување, но веќе не може да направи ништо повеќе“, рече денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Тој додаде дека прашањето за „Брегзит“ можеби нема да биде решено на самитот на ЕУ оваа седмица.

– Нема да има нови преговори, никакви дополнителени гаранции надвор од досега дадените – рекол Јункер за германското радио „Дојчландфунк“.

Додал и дека, колку што знае, во ЕУ уште немало пристигнато писмо од британската премиерка Тереза Меј со кое таа бара одложување на „Брегзит“.