„ЕУ направи многу за да се приспособи со Британија во врска со нејзиното излегување, но веќе не може да направи ништо повеќе“, рече денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Тој додаде дека прашањето за „Брегзит“ можеби нема да биде решено на самитот на ЕУ оваа седмица.
– Нема да има нови преговори, никакви дополнителени гаранции надвор од досега дадените – рекол Јункер за германското радио „Дојчландфунк“.
Додал и дека, колку што знае, во ЕУ уште немало пристигнато писмо од британската премиерка Тереза Меј со кое таа бара одложување на „Брегзит“.


