Жителите на Кавадарци и Росоман меѓу нај хуманите во земјава – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/19 8:52 AM

Жителите на Кавадарци и Росоман меѓу нај хуманите во земјава

Желбата за крводарување кај кавадарчани и росоманци е се поголема. Тоа го покажуваат и податоците од општинската организација на Црвен Крст. Во континуитет се надминува годишниот план за крводарување, a со тоа се зголемува и хуманоста кај граѓаните, со својата драгоцена течност да спасат нечиј живот.

Лани се собрани близу 700 крвни единици повеќе од планираното – информира претседателот на кавадаречката хуманитарна организација, Димитар Каракулев. Тој нагласи дека и младите се почесто ја подаваат раката за да даруваат крв.

„Години наназад во организација на Црвениот крст и на службата за трансфузиона медицина го натфрлуваме планот за крводарување. Во 2018 од предвидените 1186 реализирани 1834 или за 648 единици крв повеќе“ вели Каракулев и додава дека таквите резулатати во крводарувањето ја ставаат кавадаречката организација  на Црвен Крст меѓу најуспешните организации во земјава.

На свечена седница беа доделени јубилејни награди и признанија на крводарителите. Десет хумани кавадарчани кои дарувале крв по 50, 75 и сто пати, освен признанија и плакети, добија и рачни часовници од локалната самоуправа. Сто крводарители, добија благодарници и значки за 5 и 10 пати дарувана крв.

Ангел Данов