Примателите на наредбите од Мијалков преговараат за закон за СЈО – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/19 7:33 PM

Примателите на наредбите од Мијалков преговараат за закон за СЈО

Тоа е преседан, е ставот на Алијанса за Албанците.

-Вклучувањето на ДУИ во овој процес преку функционери кои беа дел од “бомбите” и се главни актери кои го дегенерираа правниот систем со крајна политизација и партизација, како што е случајот со Блерим Беџети кој ќе ја претставува ДУИ во работните групи за изготвување на предлог-законот за СЈО, претставува преседан.

Се поставува прашањето каков легитимитет има ДУИ кој преку Блерим Беџети, кој заедно со Муса Џафери, ги извршуваа наредбите на Сашо Мијалков за назначување обвинители и високи републички судии.Дали можеби сега преку законска рамка ќе го направат СЈО специјален партиски суд кој ќе ги амнестира обвинетите и осомничените од ДУИ и ВМРО, кои се дел од предметите на СЈО?, прашува Алијансата за Албанците.

Од партијата на Зијадин Села го повикуваат премиерот Заев  „да прекине да се поигрува со правдата, особено со Специјалното јавно обвинителство, а уште повеќе поради фактот што ги избрала ВМРО и ДУИ претставени од Блерим Беџети, да ја одредат правната судбината на СЈО и под итно да  воспостави широк политички консензус за да создаде политички амбиент за обезбедување перспектива и целосна независност на Специјалното јавно обвинителство, стои во реакцијата на Алијанса за Албанците.