Гигс жестоко му врати на Ибрахимовиќ за изјавата околу Манчестер Јунајтед – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/19 6:37 PM

Гигс жестоко му врати на Ибрахимовиќ за изјавата околу Манчестер Јунајтед

Златан Ибрахимовиќ во своето интервју за англиски медиуми зборуваше за Манчестер Јунајтед, а меѓу другите теми беше и Рајан Гигс и неговите соиграчи од „генерацјата 92“, Пол Сколс, Гери и Фил Невил,Ники Бат и Дејвид Бекам.

Гигс кј за клубот од „Олд Трафор“ во период од 1990 до 2014 годна одигра 963 меча не беше импресиониран од изјавата на Швеѓанецот.

Велшанецот и неговите играчи од споменатата генерација имат одиграно севкупно 3450 натпрвари за Манчестер Јунајтед во однос на Ибрахимовиќ кој за Јунајтед одигра 53 натпревари.

Не требаше долго да се чека на реакцијата, па така поранешниот играч на Јунајтед го критикуваше Ибрахимовиќ поради неговата изјава.

„Некогаш тоа се позитивни, а некогаш негативни коментари, но мислам дека тоа нема некое влијание на резултатите или на што било. Ние сите сме навивачи на клубот заедно со други поранешени играчи кои се на ТВ или на радио, а фудбалот е тоа, да има различни мислењеа. Мислам дека само Ники Бат преку академијата е поврзан со тој клуб. Но очигледно тој (Златан) знае многу повеќе за клубод од нас“.