На денешен ден во Тетово е формирана Комунистичката партија на Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/19 4:01 PM

На денешен ден во Тетово е формирана Комунистичката партија на Македонија

На денешен ден во Тетово е формирана Комунистичката партија на Македонија во куќата на семејството Јовановци во тетовската населба Два Бреста.

Во куќата на Јовановци која денес е Музеј на КПМ, беше прославена 76 годишнината од формирањето на КПМ.

Букети цвеќе пред споменикот на Јосип броз Тетово во дворот на музејот на КПМ, положија повеќе организации, политички партии, невладини организации.

Тетовецот Лазо Стојановски во оваа пригода на музејот му подари книга посветена на неговиот син, полицаецот Цоки Стојановски, кој загина во конфликтот во 2001 година.

На денешното одбележување учествуваа ученици од основните училишта од Тетово и тетовско, кои се запознаа со формирањето на КПМ и нејзината историска улога.