Македонскиот пазар се соочува со неквалификувана работна сила – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/19 3:16 PM

Македонскиот пазар се соочува со неквалификувана работна сила

Македонскиот пазар се соочува со неквалификувана работна сила, сметаат дел од учесниците на денешната дебата – Предизвиците на бизнис заедницата во однос на пронаоѓање на квалификуван кадар. За подобрување на состојбите, потребна е промена во образовните и државните политики.

Голем дел од населението кое активно бара работа на пазарот на трудот, или е необразовано или пак голем дел од нив имаат завршено општи смерови, кои бизнис заедницата се помалку ги бара.

За да се подобри ваквата состојба, треба да се променат образовните политики, но и да се отворат центри за неформално образование.

Универзитетскиот професор Гадаф Реџепи, вели дека државата мора да ги смени политките кон образовниот процес.

Како кадри кои највеќе недостасуваат во државата според учесниците се лица од компјутерскиот сектор, градежништво, производство и високоменаџерските позиции.

Зоран Димовски