Абрамович си заминува од Лондон, најбогатиот Британец го купува Челзи за 3 милијарди евра – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/19 1:42 PM

Абрамович си заминува од Лондон, најбогатиот Британец го купува Челзи за 3 милијарди евра

Британскиот милијардер Џим Ретклиф е заинтересиран да го купи лондонски Челзи од рускиот милијардер Роман Абрамович, за чие заминување од „Стемфорд Бриџ“ се зборуваше во изминатиот период. Според лондонски „Тајмс“, продажната цена на „Сините“ изнесува две и пол милијарди фунти, што е нешто помалку од три милијарди евра.

Ретклиф е петрохемиски милијардер и официјално најбогат Британец, чие богатство се проценува на околу 25 милијарди евра. Роден е во Манчестер, но резиденцијата му е токму во Челзи, богатиот дел на Западен Лондон. Ретклиф денеска би требало официјално да го преземе и најпознатиот велосипедски тим „СКај“, што ќе биде вовед во неговото дополнително ангажирање во спортот, додека Челзи би требало да претставува круна во таа работа.

Дека е приврзан со лондонскиот клуб, најбогатиот Британец покажа со купувањето на сезонска влезница за мечевите на „Сините“ на почетокот на сезоната.

Абрамович во изминатиот период поради политичките проблеми се најде целосно надвор од клубот. Претходно беше приврзан за сините и постојано доаѓаше на натпревари, но во последно време го нема на „Стемфорд Бриџ“, па се појави информација дека е подготвен да го продаде клубот. Сега тие информации се практично и официјализирани, иако се уште не се појави негова реакција во јавноста.

Абрамович го презеде Челзи во 2003. година и со него освои се што можеше да се освои во европскиот фудбал.