За Мицкоски, апсењето на Јакимовски е брутален политички притисок – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/19 1:21 PM

За Мицкоски, апсењето на Јакимовски е брутален политички притисок

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека апсењето на поранешниот градоначалник на Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски претставува брутален политички притисок.

Тоа што досега нема ниту една акција против криминал за било кој човек од оваа власт, а сепак ние остануваме држава заробена во корупција на дното во Европа покажува дека е криминална и варварска власта. Очигледно кампањата на Заевизмот се апсења, но во исто време тоа покажува и дека Заев драматично губи кај народот – истакна  Мицкоски попладнево на социјалната мрежа Фејсбук.

Во својот статус тој им порача на властите: – Нема веќе страв. Не можете вие толку да уапсите колку што ние ќе ве победиме.