Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека апсењето на поранешниот градоначалник на Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски претставува брутален политички притисок.
Тоа што досега нема ниту една акција против криминал за било кој човек од оваа власт, а сепак ние остануваме држава заробена во корупција на дното во Европа покажува дека е криминална и варварска власта. Очигледно кампањата на Заевизмот се апсења, но во исто време тоа покажува и дека Заев драматично губи кај народот – истакна Мицкоски попладнево на социјалната мрежа Фејсбук.
Во својот статус тој им порача на властите: – Нема веќе страв. Не можете вие толку да уапсите колку што ние ќе ве победиме.


