Си го фрлила бебето од деветти кат, па скокнала по него – за чудо, преживеале – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/19 11:51 AM

Си го фрлила бебето од деветти кат, па скокнала по него – за чудо, преживеале

Незапаметен ужас се случил деновиве во рускиот град Уфа. Мајка (21) си го фрлила своето бебе од деветти кат во зградата во која што живеат само затоа што била нерасположена. Кога видела што направила, веднаш потоа и самата скокнала од терасата.

За среќа, од големата височина паднале директно во голем снежен нанос. Девојченцето во снегот удрило директно со главата. Поточно, како што раскажува очевидец, главата и телото му се забиле во снегот, а само нозете не биле покриени со снег. Мајката, пак, по падот лежела бизу до девојчето и плакала од болки.

Двете веднаш биле хоспитализирани. Мајката се извлекла со синила и гребаници, а детето прво било во критична состојба, но, по лекарската интервенција, успешно закрепнувало.

Мајката е обвинета за обид за убиство и и’ се заканува затворска казна од пет години. Нејзиниот сопруг и татко на бебето веднаш повел бракоразводна парница.