Деветгодишен Робин Худ: Заштедата на своите родители им ја делел на соседите – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/19 10:50 AM

Деветгодишен Робин Худ: Заштедата на своите родители им ја делел на соседите

Со ќеса полна пари, мал деветгодишен Германец овој викенд се шетал по соседството во Бад Вилбел и делел пари што скришум ги зел од своите родители. Ѕвонел од врата на врата и на соседите им делел по 50 евра, велејќи дека парите случајно ги нашол. Некои соседи парите ги земале и му заблагодарувале што им ги враќа, но на еден му станало сомнително, па ја алармирал полицијата.

Полицајците дошле брзо и кај детето пронашле околу 2.500 евра – семејната заштеда на родителите. Успеал на соседите да им подели 260 евра. Не е соопштено како родителите реагирале на „великодушноста“ на своето синче.