Се буди џинот: Силна ерупција на вулканот Попокатепетл – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/19 10:47 AM

Се буди џинот: Силна ерупција на вулканот Попокатепетл

Мексиканските власти прогласија жолто предупредување откако синоќа вулканот Попокатепетл почна да исфрла големи количества густ пепел на километар во височина и на неколку километри од кратерот.

Луѓето се замолени да се држат подалеку од подрачјето во круг од 12 километри зашто се очекува оти пепелта ќе се распрска кон североисточниот дел на Пуебла.

Вулканот, кој се наоѓа на само 70 километри од мексиканската престолнина, во последните седмици покажува зголемена активност.